ДИСЛЕКСИЈА Е РАЗЛИЧЕН СТИЛ НА УЧЕЊЕ
“ Дислексијата не е резултат на оштетен мозок или нервни патишта. Не е предизвикана од аномалија на мозокот, внатрешното уво или очите. Дислексијата е продукт на мислењето и посебниот начин на реагирање на чувството на збунетост “ Рон Дејвис – “The gift of dyslexia”
ШТО Е ДИСЛЕКСИЈА
Дислексија е различен стил на учење и размислување. Таа може да вклучува многу различни тешкотии при обработка на јазикот, вклучувајќи читање, пишување, правопис, математика, фокусирање, а понекогаш и говорен јазик.
Во коренот на дислексија, недостигот на внимание и на многу други проблеми поврзани со учењето лежи уникатен, креативни стил на размислување кој навистина претставува дарба. Лицата со дислексија доминантно размислуваат на сликовит начин , мислат и гледаат мулти-димензионално со цел да креираат, да разрешуваат проблеми, и да ја елиминираат збунетоста.
Дислексичарите имаат "перцептивен талент", кој е дарба во вистинската смисла на зборот. Но, често овој талент го попречува стекнувањето на вештините за читање, пишување и задржување на вниманието на одредена задача.
Лицата со дислексија се многу љубопитни и остроумени. Тие се креативни, иновативни и често имаат живописни имагинации. Сите дислексичари немаат подеднакво развиени таленти но сепак сите тие имаат одредени зеднички карактеристики.
Овие осум способности што ги поседуваат сите дислексичари, ако не се поттиснат или уништат од страна на родителите или образовниот систем, ќе резултираат со надпросечна интелигенција и изузетни креативни способности.
ЗОШТО ВЕЛИМЕ ДЕКА ДИСЛЕКСИЈАТА Е ДАРБА?
За дислексијата велиме дека е дарба токму поради општите заеднички карактеристики на сите дислексичари. Креативноста, љубопитноста, имагинацијата и интуицијата се особини кои ги придвижуваат сите иновативни процеси во животот. Мултидимензионалното размислување, со користење на сите сетила дава можност за гледање на светот од различни перспективи и овозможува изнаоѓање на решенија на еден поинаков не – линеарен начин. Сликовитиот начин на размислување е процес при кој се добиваат многу повеќе информации отколку при вербалното размислување. Сликовитиот начин на размислување е од 400 – 2000 пати побрз од вербалното размислување кое пак се одвива со иста брзина како и говорот.
Многу уметници, пронаоѓачи, научници и спортисти имаат овој стил на размислување, и тие го искористиле за големи достигнувања. Многумина од нив велат дека не би можеле да постигнат толку големи успеси без талентот што им го подарила дислексијата.
Методот на Рон Дејвис е заснован на дарбите кои ги дава дислексијата. Овој метод е процес во кој тешкотиите со читањето и пишувањето им отстапуваат место на дарбите .
ДИСЛЕКСИЧАРИТЕ УЧАТ НИЗ СЛИКИ И ИСКУСТВА
На поголемиот дел од луѓето вербалниот стил на учење не им претставува проблем и тие воглавно размислуваат со зборови. Нивниот стил на обработка на податоците користи еден вид на внатрешна дијалог. Вербалниот начин на мислење е линеарен , по одреден редослед , и ја следи структурата на јазикот односно на пишаните реченици.
Спротивно на тоа, невербалниот начин на размислување кој доминантно го користат лицата со дислексија е мулти-димензионален, мулти-сензорен , и постојано се развива како што се додаваат повеќе информации или идеи. Во овој вид на размислување обично има многу малку, ако не и воопшто внатрешниот дијалог . Ваквиот начин на обработка на податоците , користејќи ментални слики, се случува толку брзо така што и не сме свесни дека се случува . Сепак, мноштво информации за кои лицето не е свесно дека ги добило во текот на размислувањето, се складирани на несвесно ниво.
Проблемите на еден дислексичар започнуваат кога тие се обидуваат да ги стекнат вештините за читање и пишување со користење на истите методи кои даваат успех кај учениците кои имаат вербален стил на учење и размислување.
Кога ученик што размислува невербално учи да чита , тој замислува слика за прочитаните зборови, односно на зборот претставен со симболи – букви, му доделува слика со реално значење. Ова не е сложен процес кога се работи за зборови кои лесно може да се визуелизираат и претставуваат реални предмети, дејствија или описи. Сепак, речиси невозможно е да се додели слика за апстрактни зборови како како што се прилозите , предлозите ,сврзниците и сите видови на заменки . Кога ученикот читајќи ја реченицата збор по збор, ќе наиде на зборови за кои што не може да создаде слика, останува празнина и се создава чувство на збунетост.
ЗБУНЕТОСТА ВОДИ ДО ДЕЗОРИЕНТАЦИЈА
Кога ќе се достигне прагот на толеранција на збунетоста, тогаш ќе се појави дезориентација која кај дислексичарите е природна реакција на збунетоста. Во дезориентирана состојба , перцепцијата станува извртена , мозокот прима неточни информации а материјалот кој се чита брзо го губи смисолот и значењето.
Дезориентацијата е состојба која дислексичарите ја креираат сами и ја користат повеќе од останатите бидејќи таа им помага да размислуваат мулти димензионално и да ги гледаат работите од повеќе перспективи. На тој начин добиваат повеќе сознанија од останатите. Користејќи ја дезориентацијата од најрана возраст , таа станала вкоренета и природна навика за која тие и воопшто не се свесни. Тие секогаш несвесно ја вклучуваат дезориентација кога ќе бидат збунети.
Бидејќи дезориентацијата е состојба во која е променета визуелната и аудитивната перцепција, таа е одговорна за симптомите на дислексијата кои можат да се појават во различни оласти. Симптомите на дислексија се всушност грешките што лицето ги прави поради променета перцепција. Види симптоми на дислексија.
Методот на Рон Дејвис е насочен токму кон исправање на дезориентацијата, преку техники кои повеќето деца и возрасни лесно можат да ги научат и да ги користат во сите сфери од живеењето.
Copyright 2016 All right reserved. | Designed & built by Nikola Stojkoski & David Ilievski |