Мојата приказна - и книгата што ми го промени животот
Јас сум Славица Николовска , дипломиран градежен инженер со богата кариера позади себе во областа на инвестициите во градежништвото. Можеби ви звучи чудно, но јас ја сменив мојата професија во една сосема спротивна насока која го измени мојот живот во позитивен смисол. Ваквите промени не беа случајни. Проблемот со кој се соочивме во семејството го диктираше мојот поинаков професионален развој.
Имено, кога моето трето дете појде на училиште , забележавме дека тој има тешкотии во совладување на основните вештини за читање и пишување и покрај тоа што тој е бистро, досетливо и интелигентно дете. И покрај напорите што ги вложувавме во семејството и напорите што ги вложуваа стручните лица од областа на педагогијата и логопедијата, тешкотиите останаа и во третото одделение. Институциите не ми дадоа одовори зошто моето дете не може да чита.
Моите истражување за Дислексија
Почнав да истражувам и ги открив симптомите на дислексија кај моето дете. Кога проблемот беше лоциран требаше да се најде решение и пристап за корегирање на ваквата состојба. На интернет пронајдов многу информации за различни методи за корекција на дислексијата. Посетив и завршив неколку on-line курсеви за дислексија. Сите имаа фонетски пристап и беа прилагодени за англискиот јазик. Се обидов да ги применам знаењата, но не дадоа видлив резултат од работата со детето.
Додека истражував и ја проучував дислексијата наидов на книгата “Gift of Dyslexiа” од Роналд Дејвис на која на насловната страна е наведено : “ Зошто некои од најпаметните луѓе неможат да читаат .... и како може да научат“ . Книгата веднаш го привлече моето внимание. Ја порачав и неможев да престанам да ја читам. Не само што ги пронајдов сите симптоми и карактеристиките на дислексијата туку добив и јасна претстава за тоа што претставува оваа специфична тешкотија.
The Gift of Dyslexia
Во книгата Рон Дејвис ја разоткрива клучната причина за повеќето тешкотии во процесот на учење и дава прецизни инструкции за корегирање на овој проблем, користејќи ги талентите што ги поседуваат лицата со дислексија.
Сепак книгата не беше доволна за да се стекнам со вештините за работа со овој метод. Иако не беше лесно, донесов одлука да ја посетам првата работилница од тренингот што го организира “Davis Dyslexia Association International” која се одржа во Болоња Италија 2013. Потоа следеа многубројните тематските обуки во Болоња, Венеција и Париз, и по нивното завршување го добив звањето “ Лиценциран Дејвисов Фацилитатор“ во февруари 2016 година. http://www.davismethod.org/item/slavica-nikolovska/
Со оваа лиценца овластена сум да работам со деца и возрасни на разрешување на проблемите со дислексија, дисграфија, дискалкулија и АДД/АДХД по методот на Рон Дејвис.
Позитивните искуства од досегашната работа со клиентите ми дава уште повеќе верба дека решение за дислексијата и сличните состојби постои и дека овој метод навистина го менува животот на многу луѓе кои се соочуваат со тешкотии со учењето.
Copyright 2016 All right reserved. | Designed & built by Nikola Stojkoski & David Ilievski |