Симптоми на дислексија
Иако се вели дека не постојат две лица со исти симптоми на дислексија, сепак постојат повеќе заеднички карактеристики кај лицата што се соочуваат со овој проблем. Дислексијата најчесто се препознава по тоа што лицето не чита со течност , брзина и точност соодветна на нивото на образование што го има постигнато. Честопати овој недостаток останува прикриен, а неадекватното читање и потешкотиите при учење се припишуваат на незаинтересираност, мрзливост, не вложување на труд за да се научи или не ретко се припишува на интелектуална попреченост.
Повеќето дислектичари имаат минимум 10 од долунаведените карактеристики.
Овие особини може да се менуваат од ден на ден или од минута на минута.
Типично за лицата со дислексија е нивната непостојаност, односно варирање на нивните способности.
Општи заеднички карактеристики
Вид, читање и спелување
• Често се жалат на вртоглавици, главоболки или болки во стомакот додека читаат
• Лесно се збунуваат од букви, бројки,зборови, секвенци или вербални објаснувања.
• При читањето и пишувањето видливо е испуштање, додавање, извртувањe и замена на букви броеви или зборови.
• Се жалат на чувствување или гледање на непостоечки движења додека читаат, пишуваат или препишуваат.
• Изгледа дека имаат проблеми со видот а всушност прегледот на очите кај доктор не покажува проблеми.
• Читаат и препрочитуваат со малку разбирање на прочитаното.
• Читаат во слогови.
Слух и говор
• Имаат изострен слух, слушаат работи кои не се кажани или не доаѓаат од другите и лесно се вознемируваат од неочекувани звуци.
• Имаат тешкотии со претставувањето на мислите со зборови, зборуваат во фрази, ја напуштаат реченицата недоискажана, тешкотии при изговарање на долги зборови.
Пишување и моторика
• Проблеми со пишување или препишување, необично држење на моливот , ракописот варира или е неразбирлив.
• Неспретни, некоординирани, лоши тимски играчи со топка, тешкотии при изведба на фини моторички движења, често мешаат лево-десно, горе-доле.
• Имаат проблем со врзување на врвци на чевли и необичен отпор кон облекување.
Математика и организација на време
• Имаат тешкотии да гледаат на часовник и да го кажат времето, тешкотии да го организираат времето, тешко им е да завршат одредена задача на време, тешко учат последователна низа на информации или задачи.
• При работа со математички операции покажуваат зависност од прстите или други трикови. Можат да ги знаат одговорите на одреден математички проблем, но не знаат да го претстават на хартија.
• Знаат да бројат, но тешко се снаоѓаат со броење на пари или други објекти.
• Имаат исклучителна долготрајна меморија за искуства, локации и физиономии.
• Имаат сиромашна меморија за последователни работи, факти и информации кои не ги искусиле.
• Примарно размислуваат со слики и чувства, а не со звуци и зборови ( скоро и да немаат внатрешен дијалог).
Меморија
• Одлична долготрајна меморија за локации и искуства.
• Лоша меморија за факти и информации кои не се искусени.
• Доминантно размислуваат со слики вклуувајќи и чувства а помалку со зборови и звуци.
Однесување, Здравје, развој и личност
• Имаат необично рани или задоцнети развојни фази ( зборување, одење или врзување на чевли).
• Склони се кон ушни инфекции, осетливи на храна, адитиви и хемиски продукти.
• Може да мочкаат во кревет, несоодветно за возраста.
• Необично ниска или висока толеранција на болка.
• Имаат силно чувство за правда, силно емотивни се и се стремат кон перфекција.
• Тешко создаваат и задржуваат пријатели.
• Грешките и симптомите драстично се зголемуваат при емоционален стрес, временски притисок, здравствени проблеми.
Copyright 2016 All right reserved. | Designed & built by Nikola Stojkoski & David Ilievski |